СДСМ: Ајде Мицкоски одговори на прашањата, има ли тајни средби и со кого?

Тајкнуните за кои се водат серија на предмети пред правосудните органи се создадени од режимот на Никола Груевски, велат од СДСМ.

„Лицата што се снимките се блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Медиумот каде што излегуваат снимките имаат линкови со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Лично Мицкоски призна дека се среќавал со еден од обвинетите во случајот Рекет, споменатиот Зоран Кичеец.

Затоа, наместо да се крие зад лажни вести Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори со кого се гледал и зошто:

  • Дали се сретнал со Никола Груевски во Будимпешта и зошто?
  • Дали се сретнал со итлајанскиот новинар? Дали и што му дал?
  • Дали се среќавал и со други лица во Словенија и со која цел?

Јавноста очекува одговори.

ВМРО-ДПМНЕ не ја промени својата режимска матрица. Останува посветена единствено на одбрана на криминалот на режимот и фабрикување лажни вести“, истакнуваат од СДСМ.

 

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе