СДСМ: 25.000 семејства добиja гарантиран минимален приход

„Започна исплатата на зголемената социјална помош којашто е предвидена со новата социјална реформа“, истакнуваат од СДСМ.

„Над 25.000 семејства добија гарантиран минимален приход, којшто за поголемиот дел од нив е зголемен за дури 100 отсто. На сите домаќинства коишто имаат деца дополнително им е исплатен и детски и образовен додаток. Со мерките од социјалната реформа, ја намалуваме сиромаштијата во државата, овозможуваме еднаков старт за секое дете, ги унапредуваме правата на лицата со попреченост, го подобруваме квалитетот на предучилишното образование и градиме вистински праведно и хумано општество. Аплицирањето за новите права е се уште во тек и очекувано е опфатот на домаќинства што ќе ги остваруваат правата дополнително да се зголеми“, истакнуваат од СДСМ.

 

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе