Сасоли-Спасовски: Преговорите со ЕУ, заедничка цел на европските институции и најголем дел од членките

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Мариа Сасоли на денешната средба со премиерот Оливер Спасовски во Брисел дал целосна поддршка на сите реформски чекори кои Владата, Собранието и граѓаните ги донесоа во изминатиот период, информира владината прес-служба.

На средбата, на која присуствувал и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, било нагласено дека Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија се пример во регионот и столб на европската иднина на Република Северна Македонија и дека земјата останува доследна на обврските за спроведување на договорите за решавање на билатерални спорови.
Сасоли и Спасовски се согласиле дека успешните реформи и новата методологија се важни чекори кон скорешно отпочнување на преговорите за членство. Таа цел, како што било констатирано на средбата, е заедничка на сите европски институции и најголем дел од државите членки на ЕУ.

Според Сасоли, Западен Балкан е стратегиски регион за ЕУ и тој при посетата на земјава се уверил дека граѓаните силно веруваат во ЕУ и во заедничката иднина, а Европскиот парламент ќе даде свој придонес за поддршка на Западен Балкан на Самитот во Загреб.

 

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе