Во Европскиот парламент во Стразбур

Сасоли-Џафери: Да се врати довербата на граѓаните во европската иднина на земјата

Направена е грешка со недоделувањето на датум за почеток на преговорите, но поддршката која доаѓа од големо мнозинство на пратеници од Европскиот парламент ќе продолжи и во иднина, е пораката што ја добил претседателот на Собранието, Талат Џафери на средбите во Стразбур.

Џафери во Европскиот парламент во Стразбур, имаше средба со претседателот на Парламентот, Давид Сасоли, како и потпретседателката Клара Добрев.

На средбата, како што соопштија од неговиот кабинет, Џафери се заблагодарил за континуираната силна поддршка од Европскиот парламент на проширување на ЕУ и поддршката на европратениците за Северна Македонија безусловно да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

„Нашите очекувања беа дека по позитивните заклучоци на Советот на ЕУ во 2018 и 2019 година, ќе добиеме признание за остварените реформи и за преземените сериозни политички одлуки за исполнување на препораките на ЕУ“, изјавил Џафери.

Тој додал дека е разбирливо оти големо еразочарувањето од одлуката на Европскиот совет да го одложи одредувањето на датум за почеток на преговорите. За нас, според него, прифатливо е унапредувањето на методологијата за пристапните преговори, но не се прифатливи какви било евентуални алтернативи на процесот на приклучување, односно, ставање на земјата во категоријата на соседството на ЕУ.

Сасоли, пак, изјавил дека е направена грешка со недоделувањето на датум за почеток на преговорите, но дека поддршката која доаѓа од големо мнозинство на пратеници од Европскиот парламент ќе продолжи и во иднина. Во таа насока беше спомната најавената посета на претседателот Сасоли на почетокот на ноември.

Потпретседателката Добрев истакна дека во идниот период се планира поинтензивна соработка со Собранието на Република Северна Македонија со цел да се врати довербата на граѓаните во европската иднина на земјата, која поради разочарувањето од одлуката на Европскиот совет, можно е сега да се чини подалечна.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе