Предвремени избори во Штип и Пласница на 13 декември

Сашко Николов е кандидат на СДСМ за градоначалник на Штип

Пратеникот Сашко Николов е кандидат за градоначалник на Штип, за предвремените локални избори, кои наскоро треба да се одржат, одлучи синоќа Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Николов е актуелен пратеник од СДСМ кој продолжи да работи како интервенет кардиолог во Штипската клиничка болница.

„Д-р Николов во изминатите години стекна висок углед како млад и квалитетен кардиолог, основач на штипскиот Оддел за интервентна кардиологија. Целиот свој професионален и човечки ангажман Николов го посвети на непрекината, константна и професионална работа за граѓаните и нивното здравје“, се наведува во неговата куса биографија.

Досегашниот градоначалник на Штип, Благој Бочварски, беше именуван за министер за транспрт и врски.

Предвремените избори за градоначалници во Штип и Пласница се закажани за 13 декември.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе