Шестмина Бугари, поради корупција се најдоа на црната листа

Санкции од САД за бугарски функционери од агенцијата преку која се издаваат бугарски државјанства

Двајца поранешни функционери во Државната агенција за Бугарите во странство, поранешниот претседател Петар Харалампиев, и државниот секретар Красимир Томов се најдоа на американската листа за санкции поради корупција, пишува во соопштението на портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс. 

И двајцата, инаку кадри на ВМРО-БНД на Красиимир Каракачанов, во 2018 година беа уаспени во рамките на акцијата на бугарската полиција против раководството на Државната агенција за Бугарите во странство, преку која што се издаваат државјанствата.

Во соопштението од Прајс се наведува дека санкции се воведени за шестмина Бугари. Тоа се поранешните бугарски функционери Александар Манолев, Петар Харалампиев, Красимир Томов, Делјан Славчев Пеевски, како и актуелниот бугарски функционер Димитров Желјазков, поради нивна вклученост во значителна корупција. „Манолев, Харалампиев и Томов, како заменик-министер за економија, директор на Државната агенција за Бугари во странство и генерален секретар на Агенцијата беа вклучени во коруптивни дејствија со што го поткопаа владеењето на правото и довербата на бугарската јавност во владините демократски институции и ги користеа своето политичко влијание и моќта што им ја носи функцијата за да остварат лична корист“, се вели во соопштението.

Санкциите се воведени според „Глобалниот акт за човековите права Магнитски“, кој првенствено се однесува на кршењето на човековите права, но како што се појаснува во соопштението на американското министерство за финансии, бугарските државјани се ставени под санкции поради нивна инволвираност во „сериозна корупција“. Поради тоа санкционирани се и шеесеттината компании кои се поврзани со бизнисменот и олигарх Васил Божков, поранешниот член на бугарскиот парламент Делјан Пееврски, како и поранешниот замени на шефот на државната агенција за технички операции (ДАТО) Илко Желјазков.

Во соопштението се наведува дека Божков постојано подмитувал владини службеници меѓу кои и „актуелен политички лидер“, како и поранешниот шеф на сега затворената Државна комисија за хазардни и игри на среќа. Претходно годинава тој наводно планирал исплата на пари на поранешен функционер и политичар во Бугарија за да помогнат да се создаде канал преку кој руските политички челници ќе можеле да влијаат врз бугарските владини службеници. Божков во моментов е во Дубаи и ја избегнува постапката за екстрадиција во Бугарија каде во 2020 година против него се подигнати бројни обвиненија, вклучително и за „водење организирана криминална грипа, изнуди, обиди за поткуп на службено лице и затојување плаќање данок“.

Пеевски и Желјазков, кој беше и поранешен соработник на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) и втор човек во агенцијата за контрола на разузнавањето во 2018 година, се обвинети дека направиле шема за земање мито со влијаени врз издавање документи за престој во Бугарија за странски државјани, како и поткуп на државни службеници во замена за информации и лојалност. Желјазков е обвинет и дека на високопозицинирани владини лица им нудел мито за добвање информации кои требало да му бидат пренесени на Пеевски.

Истовремено САД ја предупредија Бугарија дека ако сака да и бидат укинати американските визи мора да ја расчисти шемата „пасоши за кеш”. Според бугарското издание на „Еурактив”, американската страна инсистира бугарски пасоши да се издаваат само на граѓани кои не претставуваат закана за внатрешната безбедност на САД. 

Порталот потсетува дека во коруптивната шема откриена во 2018 година секој кој бил спремен да плати мито од 5.000 евра добивал бугарски пасош кој ја отвора вратата на целата ЕУ и на голем број земји во светот. Во шемата е вклучена особено Државната агенција за Бугарите во странство која издавала лажни потврди за бугарско потекло, клучниот документ за добивање бугарски пасош.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе