26 конгрес на СДСМ

Сања Лукаревска е избрана за заменик-претседател на СДСМ

По предлог на претседателот на СДСМ Зоран Заев, 682 делегати на партискиот 26. конгрес денеска гласаа за Сања Лукаревска да биде втората заменик-претседателка на социјалдемократите. Заев ја предложи Лукаревска по повлекувањето на Радмила Шекеринска, која беше на оваа позиција од 2013 година.

Лукаревска е член на Извршниот одбор на СДСМ и директорка на Управата за јавни приходи, каде што ова ѝ е втор мандат.

Заев на делегатите им предложил девет члена на Надзорниот одбор и 120 имиња за новиот состав на Централниот одбор на СДСМ, од кои 60 се мажи и 60 жени и повеќе од две третини од кандидатите се нови членови.

Шекеринска веќе најави дека нема да се кандидира за оваа функција, ниту пак ќе прифати некоја друга партиска функција. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска јавно ѝ се заблагодари на Шекеринска за досегашната работа.

„Благодарам што се вградивте во важни државнички процеси, што дадовте придонес во успесите, како на партијата, така и на државата. Благодарност до мојата другарка Радмила што беше моја заменичка во најтешките години кога земјата ја извадивме на прав пат. Продолжуваме заедно. Пред социјалдемократското семејство се нови успеси“, изјави Заев.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе