Неуспешна средба

Само што влегоа кај претседателот Иванов, Заев и Димитров излегоа

Само неколку минути траела средбата меѓу претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, дознаваме од извори на кабинетот на шефот на државата. 

На средбата Заев и Димитров требаше да го информираат Иванов за постигнатиот договор за спорот што Грција го има со уставното име на Македонија.

Вчера Заев објави дека е постигната согласност за ново име - Република Северна Македонија за севкупна употреба со уставни измени. Иванов е против промена ерга омнес и против промена на Уставот на Република Македонија.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе