Заев, Вучиќ и Рама разговараа преку конференциска врска

Само преку соработка регионот може да стане посилен

Во организација на Европското движење во Србија се одржа интернет-конференција на Регионалниот форум за млади лидери посветен на регионалната економска соработка во услови на пандемија, на која учество зедоа лидерите на Македонија, Србија и Албанија, Заев, Вучиќ и Рама, а претседателот на Црна Гора Ѓукановиќ во последен момент го откажал учеството.

Премиерот Зоран Заев рече дека повеќе од било кога пандемијата со коронавирусот покажала дека регионот е врзан систем – инфраструктурата, економијата, еколошките системи, па дури и политичките системи. Кризи како оваа, посочил, се лакмус тест за состојбите во едно општество, што е силно, а што е слабо во него.

„Во услови на криза нашите држави работат и сме во постојана комуникација помеѓу себе. Координираните одговори на најголемите предизвици кои се исправија пред нас донесоа и придобивки. Ја зајакнавме соработката, покажавме висок степен на солидарност и капацитет на носење одлуки за граѓаните на нашите земји. Младите мора да бидат дел од овие процеси.Потребна е нивната креативност, енергија и капацитет да ги согледуваат пречките како можности, затоа што во нив ги полагаме сите надежи дека ќе успеат да ги финишираат сите интеграциски процеси кои сме ги отпочнале пред неколку декади", рече Заев и нагласи дека образованието и зголемувањето на компетенциите на младите се клучни за понатамошен напредок.

На дебатата се разговараше и беа презентирани заедничките заклучоци кои лидерите на Македонија, Србија и Албанија Заев, Александар Вучиќ и Еди Рама ги дискутираа на трилатералната средба минатиот петок во рамките на обновената иницијатива за регионална соработка.

Претседателот на Србија Вучиќ, како што јави Танјуг, оцени дека е очигледно дека сите земји од регионот се и премногу мали и дека затоа само преку соработка тие можат да постигнат позначителни резултати во стопанството и во изградбата на иднината.

„Не можеме да очекуваме другите да работат за нас во Западен Балкан и само од нив да очекуваме помош. Мораме да седнеме и заедно да работиме на остварување на нашите заеднички интереси. Ниту Евопјаните ниту Американците не можат да ни помогнат онолку колку што можеме самите да направиме доколку соработуваме", рече Вучиќ.

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека владите на земјите од регионот треба да понудат заеднички фондови за соработка меѓу младите во разни области. Рама рече дека е добро што ваквите конференции се одржуваат онлајн, бидејќи е многу сериозна ситуацијата со ковид-19.

„За првпат во нашите животи ги гледаме и слабостите на целиот демократски свет", оцени албанскиот премиер.

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, кој исто така беше најавен како учесник на Форумот, во последен момент го откажа учеството, јави Танјуг.

Оваа година Северна Македонија заедно со Бугарија ко-претседава со Берлинскиот процес, чиј самит следува следната недела.

„Градиме соработка преку која ги разговараме, унапредуваме и конечно се обединуваме околу позициите каде што имаме заеднички интерес како регион во рамките на Берлинскиот процес, беше заедничката порака до младите од страна на Вучиќ, Рама и Заев, се вели во соопштението од прес-службата на македонската влада.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе