Во автобусот имало уште еден возач

Двајца од преживеаните дале исказ за трагедијата во Бугарија, останатите се во шок, вели Сарафов

Директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов и главниот обвинител на Македонија, Љубомир Јовески дадоа изјава во врска со трагичниот инцидент на автопатот Струма. Во трагедијата, според досегашните информации загинаа 46 лица, а има и повредени. Сарафов рече дека за сега само двајца од преживеаните дале исказ пред надлежните, а во автобусот на „ Беса транс“ имало уште еден возач. 

Фото: Принтскрин од БТВ

Утврдено е дека имало експлозија во автобусот, но засега не се јасни причините за истата. 

„Одржавме заеднички работен состанок за разјаснување на сите линии на меѓународната правна соработка, добивање на сите потребни документи од македонска страна и добивање биолошки материјал за идентификација на жртвите“, рече истражителот. 

Со биолошки материјал од блиските и роднините на загинатите ќе се утврдува нивниот идентитет.

За случајот, истакна Сарафов, ќе се вложат максимални напори за да се стигне до објективната вистина. Обвинителот вели дека не сака да дава заклучоци додека не се утврдат сите околности. 

Сарафов истакна дека се испрашуваат преживеаните кои посведочиле на трагедијата, но само двајца од нив се во соодветна состојба, останатите се во шок, така што само двајца од сведоците можеле да дадат исказ за трагедијата. 

„Има и сведоци на инцидентот кој се нашле на местото. Не можам да дадам експертско гледиште , бидејќи претстои комплетно медицинско вештачење и авто-техничка експертиза која треба да даде одговор на многу прашања“, изјави Сарафов. 

За тоа дали во автбусот можеби се превезувала и нафта, Сарафов вели дека нема такви сознанија. 

„Точно е дека се слушнала експлозија, но за сега не се знае што е причината за тоа. Дали е тоа експлозија која настанала од автобусот или пак, од удар на автобусот во банкината. Тука стасуваме пак до оние тези, дали се работи за техничка неисправност или за човечка грешка. Имало четири автобуси од истата фирма, но не се движеле заедно, туку на растојание од 15 до 20 минути. Во автобусот имало и втор возач“, дополни Сарафов. 

 

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе