Градоначалничката Арифи се информираше за интервенцијата

Само 5 минути по пријавениот пожар во болницата во Тетово на местото стасале 16 пожарникари со 3 противпожарни возила

Градоначалничка на Тетово, Теута Арифи беше во посета на пожарникарите со цел да се информира детално за пожарот и интервенцијата на единицата во модуларната ковид-болница на 8 септември. Во пожарот загинаа 14 лица, од кои 12 беа пациенти, а двајца посетители. 

„Во диспечерката служба ТППЕ Тетово во 21 часот и 02 минути е примен повикот за пожар од инфективното одделение. На местото на настанот веќе во 21 часот и 07 минути биле со три камиони и 16 пожарникари. Две возила беа поставени пред модуларната зграда и едно зад неа за да спречи пламенот да се прошири на објектот од инфективниот оддел, кој е многу блиску до модуларниот монтажен објект. Пожарот е локализиран во 21:30 часот, а целосно е изгаснат во 21:45 часот“, рече Теута Арифи.

Таа истакна дека истрагата на местото на настанот е завршена, а сега се анализираат сите материјални докази и факти,.

„Завршени се истрагите на место на настанот и во моментот истрагата ги собира податоците, телефонски снимања, снимања од граѓаните, луѓе кои биле на местото, сите тие податоци за да го заокружи процес на истрагата. Вклучувањето на истражители од Германија е додатна помош овој процес да биде завршен“, рече Арифи.

На новинарско прашање дали како прв човек на градот ќе бара морална одговорност од раководството на болницата, Теута Арифи рече дека прво сака да добие одговори на неколку прашања.

„Треба да се има предвид фактот дека ова беше голема несреќа и во голема несреќа не сите работи можете одма на почетокот да ги канализирате. Знаете и вие какво беше известувањето вечерта. Тоа што е важно-нека заврши процесот на истрагата и да имаме тука неколку одговори кои сите го очекуваме. Да ги добиеме сите тие одговори, одговорноста не е само морална и како таква треба да се понесе“, истакна градоначалничката.

Општина Тетово нема да издадено дозвола за градба на модуларната болница рече Арифи со одговор дека тие објекти се градени со специјален закон и за тоа немало таква потреба.

„Побарано е од нас достава на документи, сета документација е приложена, ковид модуларните болници се изградени врз основа на специјален закон по кој не било потребно ниту побарано општините која и да е, да издадат градежна дозвола за истите. Ни беше официјално побарано да имаме доток на вода и канализација само тоа беше наша обврска, без технички прием, рече Арифи.

Со одлука на Советот, Општина Тетово ќе ги покрие трошоците за посмртните услуги за жртвите и одобри финансиска помош во износ од 1000 евра во денарска противвредност за сите семејства на жртвите, како и за преживеаните во оваа трагедија.

На социјалните мрежи се појави снимка од видеонадзорот во тетовската болница и првите моменти при појава на пожарот.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе