И лидерите на ЕУ со резерви за проширувањето

Самитот ЕУ-Западен Балкан заврши со поддршка за решавање на спорот, Бугарија и натаму бара гаранции

На самитот што беше приказ на дволичност и двоен разговор, соништа и негодување, и исклучување на вистинските намери и суровата реалност, лидерите на ЕУ прогласија поддршка за шест нации од Западен Балкан да се приклучат на нивниот клуб, истовремено признавајќи дека влезот процесот е ефективно заглавен, пишува Политико. Очекувањата за самитот беа толку слаби што лидерите на ЕУ и националните претставници од Западен Балкан успеаја да останат релативно расположени и покрај тоа што речиси и да не постигнаа напредок, јавија бројни медиуми и додаваат дека Брисел не успеал да ги исполни ветувањата.

Спорот меѓу Македонија и Бугарија, кој доведе до бугарско вето за почеток на преговорите на земјава со Европската Унија, беше една од водечките теми на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржа вчера во Брдо кај Крањ, под покровителство на словенечкото претседателство со Унијата.

Лидерите на ЕУ дадоа силна поддршка за надминување на спорот со Бугарија, внесувајќи го ова прашање и во самата Декларација, која произлезе од Самитот и потенцирајќи дека неотворањето на преговорите со Македонија и Албанија влијае и врз кредибилитетот и довербата во Унијата во регионот, јави известувачот на МИА од Брдо кај Крањ.

Сепак, бриселскиот портал Политико, јавува дека „премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, кој го додаде „Северна“ на своето име во 2018 година за да го прекине спорот со Грција и да ја унапреди апликацијата за членство во ЕУ, го искористи самитот како шанса да ја критикува Бугарија и нејзиниот претседател Румен Радев, за одложување почеток на разговорите. „Денес“, рече Заев во изјавата, имавме уште една силна потврда дека само една земја-членка на ЕУ се противи на нашата интеграција и започнување преговори за членство со Европската унија.

Тој ја нарече бугарската позиција навреда за македонските граѓани и прогласи дека македонскиот народ, и покрај тоа што е пријателски, не може да ги оправда блокадите. Одделно, по средбата на маргините со Радев, со францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, владата на Заев во соопштението рече дека за време на разговорите, Северна Македонија и Бугарија изразија заедничка подготвеност и интерес за продолжување на дијалогот меѓу двете земји со намера да постигнат решение. Во меѓувреме, Заев рече дека ЕУ треба да почне да размислува за себе пошироко. Северна Македонија е Европа“, рече тој во неговата изјава. Западен Балкан е Европа“.

Во завршната Декларација од самитот пишува: „И натаму останува важно билатералните договори, меѓу кои Преспанскиот договор со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, да се спроведуваат со добра волја и видливи резултати. Понатамошни одлучни напори се неопходни за да се поттикнат помирувањето и регионалната стабилност, како и да се пронајдат и спроведат, во согласност со меѓународното право и воспоставените принципи, вклучително и со Спогодбата за прашањата за сукцесија, конечни, инклузивни и обврзувачки решенија за билатералните спорови и прашања меѓу партнерите кои се вкоренети во наследството од минатото, а исто така и за преостанатите случаи на исчезнати лица и за прашањата во однос на воени злосторства“, се нагласува во документот.

За решенијата треба поглед напред кон иднината, а не кон минатото. Но за жал, не сум сигурен дека претседателот Радев ја разбра таа порака, изјави Заев.

Радев по средбата со Заев во изјава за медиумите истакна дека темата била изнаоѓање начин за надминување на препреките пред започнувањето на преговорите за членство на Република Северна Македонија, тема која, како што рече, „е од исклучителна важност за регионот, за македонските Бугари и за местото и улогата на Бугарија во ЕУ“.

„Северна Македонија не може да помине катарза. Нашите позиции се јасни, се додека нашите сонародници подлежат на суптилна асимилација, со текот на годините се потиснувани и нивните основни права и не се интегрирани целосно во Северна Македонија, ние не можеме да кажеме „да“ за почеток на преговорите“, изјави Радев. Тој ја потенцира потребата од јасни законски гаранции дека Скопје ќе ги исполни своите обврски пред Софија да го укине ветото за почеток на преговорите.

А за укинување на ветото, рече Радев, потребно е почитување на правата на Бугарите во Северна Македонија, искоренување на јазикот на омразата и толкувањето за Бугарија од учебниците и спомениците. Очекуваме билатералниот протокол од 6 точки да биде готов до почетокот на ноември. Во протоколот има решенија кои треба да се исполнуваат во целиот преговарачки процес. Мене ме интересираат обврзувачките работи што треба да бидат завршени до почетокот на преговорите, за да кажеме „да“, додаде бугарскиот претседател Радев.

 

 

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе