Хрватско претседателство

Самитот ЕУ – Западен Балкан ќе се одржи в среда преку конференциска видеоврска

Состанок на лидерите на земјите членки на ЕУ и Западен Балкан ќе се одржи в среда, 6 мај, преку конференциска видеоврска поради пандемијата на новиот коронавирус, соопшти Хрватското претседателство со ЕУ.

„ЕУ и Западен Балкан се обединети во борбата против ковид-19. Самитот ќе овозможи истакнување на меѓусебната солидарност и соработка во време на кризата“, пишува во соопштението во кое се потсетува дека ЕУ обезбедила 3,3 милијарди евра помош за земјите од Западен Балкан во борбата против пандемијата.

Лидерите, исто така, ќе ја потврдат перспективата на Западен Балкан и „определеноста на западнобалканските држави да се придржуваат кон европските вредности и начела“.

„ЕУ е најважен партнер на регионот на Западен Балкан, а видео конференцијата ќе го истакне значењето на заедничкиот однос меѓу Унијата и Западен Балкан“, се додава во соопштението.

Учесниците на видео конференцијата ќе дискутираат за новата фаза за блиска соработка за решавање на социо-економските последици од ковид-19, важноста на регионалната соработка, како и начините за најдобро справување со безбедносните предизвици.

На состанокот ќе учествуваат шефови на држави или влади на земјите членки на ЕУ и на шесте држави од Западен Балкан, Македонија, Албанија, БиХ, Србија, Црна Гора и Косово.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел ќе претседава со состанокот и заедно со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен ќе ја претставуваат ЕУ.

 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе