Поранешниот грчки премиер

Самарас: Договорот е непотребен и понижувачки компромис

Договорот не е само лош, туку е непотребен и понижувачки компромис, вели поранешниот грчки премиер, Андонис Самарас, коментирајќи го договорот меѓу Македонија и Грција. 

„Не му го дадоа само името на Скопје, ги дадоа и националноста и идентитетот и јазикот на Македонија. Меѓународно го слабее грчкиот карактер на Македонија, создавајќи повеќе жаришта за конфликти во иднина и поткопувајќи ја стабилноста на целиот регион. Може СИРИЗА и Независни Грци со лаги ги добија гласовите од грчкиот народ, но да знаат дека Грците нема да прифатат да им ја украдат нивната душа”, коментира Самарас преку социјалните мрежи.

МИА

 

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе