Во телефонски разговор

Саливан до Заев: Со нетрпение чекам на Северна Македонија да и посакам добредојде во НАТО

Премиерот Зоран Заев денеска телефонски разговарал со американскиот заменик државен секретар Џон Саливан и се заблагодарил за силната поддршка од САД за време на целиот процес на спроведување на Договорот од Преспа.

Заев, како што соопшти владината прес служба, го запознал Саливан со активностите на Владата на Република Северна Македонија во врска со спроведувањето на обврските од Договорот со Грција.

„Двајцата соговорници за време на телефонскиот разговор се согласија дека успешниот епилог на Договорот од Преспа, како и постапката на ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, е од исклучително значење за двете земји, но и за регионот”, се наведува во соопштението.

Заев уште истакнал дека Република Северна Македонија останува на својот долгорочен и стратешки интерес за дополнително развивање и проширување на односите меѓу двете земји, особено во делот на економските релации.

Заев и Саливан го споделиле заемниот интерес и определба двете земји да останат посветени на прашањата за мирот и стабилноста на земјата и на регионот. Саливан, пак, ја изразил неговата постојана поддршка за Преспанскиот договор и истакнал дека со нетрпение чека да и посака добредојде на Северна Македонија како 30-та членка на НАТО.

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе