Сакскобурготски: Во спорот меѓу Софија и Скопје не треба да се зборува за предавници

Поранешниот бугарски премиер Симеон Сакскобурготски, кој ја извршуваше оваа функција од 2001-2005 година, во интервју за „Нова“ вели дека честопати се прашува каде би била Бугарија доколку не станела член на НАТО и Европската Унија. Во тој контекст, нагласува дека поволностите што од членството ги има Бугарија, би требало да им се овозможат и на Албанија и Северна Македонија.

Како што јавува дописникот на МИА од Софија, Сакскобурготски нагласува дека многу е важна благосостојбата на народите во Албанија и Северна Македонија, исто како и на Бугарија. Зошто, прашува тој, тие да бидат изземени од тие придобивки. Затоа, нагласува, не треба да ги гледаме само негативните работи и не треба да се зборува за предавници.

Поранешниот премиер на Бугарија бара да се најде формула за се овозможи членство на Северна Македонија и Албанија во Европската унија. Тој нагласува дека не треба да се бараат негативни работи за да се поставуваат препреки, туку да се види како да се излезе од таа ситуација без притоа некој да биде предавник. 

Според него, во некои држави имало тврдења кои сугерираат дека Бугарија се обидува да изнуди нешто, што, како што нагласува, е страшно и грозно.  Улогата на Бугарија треба да биде таква да може да каже „браќа“, да помогне на секој пред да влезе бидејќи таа е веќе член на ЕУ и да помагаТој не сака да го коментира внесувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија. 

Поранешниот бугарски премиер, коментирајќи го протерувањето на 70-те руски дипломати од Амбасадата на Русија во Софија вели дека тоа е нечуена работа, која според него е излишна и провокативна, и оти Бугарија за да го направи тоа била под некаков странски притисок. Во однос на политичката криза во Бугарија тој вели дека политичарите треба да го надминат сопственото его, бидејќи државата, како што нагласува, нема време да губи за спроведување нови избори.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе