Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Сајкоски: Уапсени во акцијата „Мафија“ сликани со Спасовски

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски на денешната прес-конференција за аферата „Мафија“ покажа фотографија на која како што истакна се гледаат дел од уапсените службеници во друштво на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„До овој момент нема ниту една, буквално ниту една објавена потерница по ниту еден од над двестата криминалци, нарко - босови и престапници кои добиле македонски пасош со украден идентитет. Наместо тоа Седат Пекер чија мрежа во Истанбул турската полиција ја апси, во Македонија полицијата на Спасовски го штити. Зошто водачот на Шкаљарскиот клан во Србија лежеше затвор поради таков македонски пасош, а во Македонија со Заев и Спасовски на власт овие луѓе не се викаат ниту на разговор.

Целата афера „Мафија" се сведе на апсење на неколку државни службеници. А, пипците на мафијата одат погоре.

Затоа денес ќе посочиме две нови работи.

Првата е дека и тие службеници кои се уапсени ги гледаме во друштво на Оливер Спасовски.

Според билтенот на МВР уапсена за овој случај е жена вработена во службата за изработка на пасоши со иницијали Н.З. Токму ова лице во семејна атмосфера го гледаме со прво повиканиот во аферата „Мафија" Оливер Спасовски што јасно се гледа од оваа фотографија. Значи само кога ќе гребнете по површината сомневањата недвосмислено одат до врвот на власта каде се Зоран Заев и Оливер Спасовски.

Втора работа која сакам да ја изнесам јавно на прес конференција, е уште еден од низата кој има македонски пасош од оние на Спасовски и Заев, а тоа е Луи Волина, фатен 2019-та и осуден 2020-та година на 6 години затвор во Шпанија за трговија на дрога, а кој при апсењето поседувал македонски пасош на друг човек со иницијали Н.М.А“, истакна Сајкоски.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе