ВМРО-ДПМНЕ

Сајкоски: Собрани се 100 илјади потписи против „политички попис“

ВМРО-ДПМНЕ, заедно со граѓаните, за само осум дена собра 100.000 потписи за нешто помалку од вкупно 24 часа, рече денеска Ѓорѓија Сајкоски, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека успехот е уште поголем ако се имаат предвид опструкциите од власта. Тој најави дека преку пратеничката група ќе биде поднесена иницијатива за поништување на Законот за попис.

Сајкоски рече дека граѓаните дале свој потпис за европски попис, „спротивен на оној кој сака да го организира власта на насилен начин, со политичка цел“.

Тој нагласи дека граѓаните не сакаат политички, туку попис како статистичка операција, што точно ќе може да ја насочи Македонија во која насока да се развива.

„Од самиот почеток власта беше исплашена знаејќи дека спроведува попис спротивно од барањата и заложбите на граѓаните и токму затоа и нѝ ја отфрлија иницијативата за поништување на законот за попис. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ преку своите 44 пратеници, поддржана од над 100.000 граѓани, ќе поднесе пратеничка иницијатива за поништување на законот за попис“, нагласи Сајкоски.

Тој коментира дека поддршката од над сто илјади граѓани на иницијативата е „само почеток на крајот на оваа Влада“.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе