На владина седница

Садула Дураки стана вицепремиер

Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Садула Дураки на денешната владина седница е назначен за заменик на премиерот на Република Северна Македонија, информира владината прес служба. 

Дураки, според вицепремиерската функција им се придружи на Кочо Анѓушев, Радмила Шекеринска, Бујар Османи и Оливер Спасовски. 

Дураки, со последната реконструкција на владата од Министерството за животна средина и просторно планирање беше префрлен во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Во оставката што ја поднесе кај премиерот Зоран Заев напиша дека додека ја извршувал функцијата во Министерството за животна средина се соочил со најголемите предизвици за зачувување и унапредување на животната средина. 

„Според сегашната состојба, некои од тие предизвици успешно ги надминавме. Јас и мојот тим во изминатиот период макотрпно работевме и го вложивме целото наше знаење и способност во решавање на проблемите, но некои проблеми бараат долгорочен и системски пристап”, напиша Дураки.

Тој смета дека некои проекти спроведени за време на неговото раководење ќе остават траен позитивен белег во зачувување и унапредување на животната средина но, за жал, „во некои области од животната средина сѐ уште сме немоќни да направиме подобрување или одржување“.

 

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе