Скопски економски форум

САД се разочарани што членките на ЕУ не ја усвоија преговарачката рамка за Северна Македонија, порача Брнз

САД се разочарани што земјите-членки на ЕУ не успеаја да ја усвојат преговарачката рамка за Северна Македонија на вчерашниот состанок, но нема сомнеж дека државата ги исполни неопходните задачи за отворање на пристапните преговори со ЕУ и тоа е чекор што веруваме дека ќе ја зголеми рагионалната стабилност и ќе ги подобри политичката и економска активност, порача денеска американската амбасадорка Кејт Мери Брнз, на првиот Скопски економски форум.

Според Брнз, САД ќе бидат со Македонија на секој чекор од ова патување, бидејќи тоа е од интерес за заеднички стратешки цели.

„Северна Македонија ги надмина политичката нестабилност и презема важни демократски реформи. Стана стабилен партнер за безбедноста и напредокот на целиот регоон и покажа дека е подготвена да ги заврши тешките задачи неопходни за остварување на стртаешките цели. Потпишувањето на Договорот од Преспа, членството во НАТО и отворање на патот кон ЕУ се само дел од позначајните успеси и сега е време за инвестициите и трговијата да почнат да носат економски бенефит од овие политички победи. Време е за економскиот раст да се зголеми“, изјави Брнз.

Целите на САД на Балканот, според неа, остануваат јасни и непроменети, а во иднина регионот го гледаат во мир со своите соседи, стабилен и целосно интегриран во евроатлантската рамка.

„Гледани посебно, земјите од Западен Балкан се мали пазари за сериозни инвеститори, но сите заедно се значителен и интересен пазар од 18 милиони, сериозно атрактивен за американските и европски инвеститори“, истакна Брнз.

На крај, порача Брнз, Северна Македонија припаѓа на Европската унија и иако е долг пат, важно е да се продолжи со напредок.

„Чекорите на овој пат се од особена корист за граѓаните на земјата. Чекори како јакнење на владеењето на правото, борба против корупцијата, подобрување на инфраструктурата, интегрирање на економијата со соседите, создавање на клима за инвестирање и бизнис, се работи кои не се само критериуми за ЕУ, туку се особено важни и за граѓаните на Северна Македонија“, изјави Брнз.

Таа потсети дека претседателот Бајден, во рамките на својата посета на Европа порача дека „мора да ја градиме заедничката иднина што ја бараме“, и продолжувањето на градењето на врските, нагласи меѓу Северна Македонија и соседите ќе ја изгради таа заедничка иднина и ќе дозволи на земјата, регионот и САД да ја зголемат безбедноста и економската соработка.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе