САД се надеваат дека ЕУ ќе сфатат колку е важно Скопје и Тирана да почнат преговори, порачува Ескобар

САД се надеваат оти Северна Македонија и Албанија ќе ги започнат преговорите за членство со ЕУ во текот на оваа година, бидејќи двете земји направиле важни, понекогаш и болни реформи, за да се придвижат кон членството во Европската унија, вели американскиот заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Габриел Ескобар.

Затоа, како што вели, двете држави заслужуваат преговорите да ги започнат што е можно поскоро.

„Се надевам дека сите европски држави ќе ја разберат стратешката важност од тоа да им дозволат на овие две држави да ги започнат преговорите за членство. Се надевам дека Европската унија, како и одделните земји членки, ќе ја осознаат стратешката важност на европската интеграција на балканските држави“, порача Ескобар на брифинг со новинари.

Тој ја коментираше и ситуацијата во Босна и Херцеговина и предупреди дека заканите на босанските Срби за отцепување од БиХ претставуваат прекршување на Дејтонскиот мировен договор и тоа само ќе ги доведе до „изолација и економски очај“.

Ескобар, исто така нагласи и дека САД остануваат силно посветени на зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе