САД издвоија 4,3 милиони долари за зајакнување на владеење на правото во Македонија

Во рамки на реализацијата на Стратешкиот дијалог меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, Владата на САД донесе одлука за издвојување на дополнителни средства за зајакнување на владеење на правото во Република Македонија. За оваа цел се издвоени дополнителни средства во износ од 4, 318 милиони САД долари.

Со отпочнувањето на Стратешкиот дијалог меѓу Македонија - САД, пријателските односи меѓу двете земји се подигнати на ново, повисоко ниво во име на продлабочување на стратешкото партнерство.

Стратешкиот дијалог започна на 2 јуни во Вашингтон, меѓу владината делегација предводена од Министерот за надворешни работи Бујар Османи, од наша страна и делегацијата, предводена од Помошникот државен секретар на САД за европски и евро-азиски работи, др. Карен Донфрид, од американска страна. Стратешкиот дијалог претставува форум кој обезбедува врамување на билатералните односи и соработката во одбраната, економијата, образованието, транспортот, енергетиката, климатските промени, демократскиот развој, борба против корупција, владеењето на правото, трговијата и други теми од заемен интерес.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе