„Со еден збор - евроинтеграција”

САД бараат од ЕУ да почне преговори со Македонија и Албанија

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, на вчерашната средба со потпретседателот на Европската Комисија, Жосеп Борел во Вашингтон ја истакнал потребата да се продолжи пристапниот процес со Северна Македонија и Албанија.

недвосмислена поддршка на ЕУ за европската перспектива на Западен Балкан и заложбата кон процесот на проширување, и ја истакна потребата да се продолжи понатаму со пристапниот процес со Албанија и Северна Македонија“, се вели во изјавата на портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс што ја пренесе Гласот на Америка.

Во изјавата на Прајс пишува дека „секретарот Блинкен ја потврдил важноста од партнерството меѓу САД и ЕУ, и заложбата на САД да работат заедно со ЕУ да се спротивстават на заедничките предизвици“.

Иста порака вчера упати и американскиот заменик помошник секретар за европски и евроазиски работи, Габриел Ескобар на Самитот за Западен Балкан на „Економист” што се одржа во Скопје. Во видео разговор со регионалната директорка на „Економист” за Европа, Џоан Хоеј, во рамки на Самитот, рече дека политиката на САД е тесно усогласена со европските партнери за тоа што треба да се направи во регионот на Западен Балкан.

„Кажано со еден збор – тоа е евроинтеграција. Американската политика е насочена кон поддршка на европската политика на насочување на земјите од Западен Балкан кон друштвото на западните демократски земји. Точка. Тоа е нашата политика и сѐ останато е само тактички пристап како тоа да се направи. Тоа е нашата крајна цел за регионот на Западен Балкан и ако гледате на регионот историски и културно, тие се Европа, и нивните граѓани и економии се тесно поврзани со Европа”, истакна Ескобар.

Според него, од американска перспектива, тоа е природен чекор, дека тие треба да бидат дел од ЕУ, која веќе има огромно влијание во овие земји. 

„Прифаќаме дека не сите земји од ЕУ се отворени за брз прием на нови земји членки, како и дека земјите треба да ги исполнат реформските обврски. Но, тоа се прашања на кои САД и ЕУ работат заедно. Но, работиме одблизу со европските партнери за приближување и затворање на овие прашања”, рече Ескобар.

Нашето искуство, нагласи Ескобар, со нови земји членки од регионот во НАТО, особено со Црна Гора, Албанија и Северна Македонија е дека се добри и солидни партнери.

„Сметам дека тоа е она што ЕУ може да го очекува од овие држави. ЕУ може да очекува дека овие земји ќе бидат солидни соработници”, додаде Ескобар.

 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе