холандскиот премиер

Руте: Македонија е блиску до започнување на преговорите, Албанија не е подготвена

Холандија не е против проширувањето на ЕУ и смета дека Северна Македонија е блиску до започнување на преговорите за членство, но оти Албанија се уште не е подготвена за страт на преговорите, изјави холандскиот премиер Марк Руте за подгоричка „Побједа“.

„Не веруваме дека Албанија во моментов е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ. Што се однесува до Северна Македонија таа е поблиску до таа цел“, вели Руте.

Тој посочува дека на состанокот на Европскиот совет во Брисел и покрај ваквата констатација за подготвеноста на двете земји, некои членки на Унијата не се согласиле процесот да биде раздвоен.

„За разлика од нив, одделни земји сакаа раздвојување и затоа на последниот Европски совет немаше одлука за прашањето за отворање преговори со овие две земји“, изјави Руте.

Прашан дали 2025 година е реален рок за прием на некоја од земјите од Западен Балкан во ЕУ, холандскиот премиер вели дека одредувањето крајни датуми не е цел сама по себе и оти најважно е да бидат исполнети условите.

„Немаме ништо против проширувањето на ЕУ, но мораме да се погрижиме да ги почитуваме правилата и целиот процес да биде строг и чесен. Тоа е нашата позиција“, изјави Марк Руте за подгоричка „Побједа“.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе