По сведочењето на Заев

Русковска: Заев не понуди докази, не го повлекувам обвинението за „27 април“

Обвинетите не се мали деца за да можат да бидат изманипулирани, јас со вакво тврдење апсолутно не се согласувам и очекувам судот да ги цени материјалните докази, изјави обвинителката Вилма Русковска по сведочењето на премиерот Зоран Заев со кое тој тврди дека Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и другите на кои им се суди не се виновни, туку дека тие биле изманипулирани од главниот организатор Никола Груевски.

По денешното сведочење во Судот на премиерот Зоран Заев за настаните од 27 април 2017 година, со кое тој отфрли вина на обвинетите политичари во случајот, со исклучок на неговиот претходник Никола Груевски, обвинителката која го застапува предметот Вилма Русковска на новинарите им изјави дека Заев не само што не понудил докази, туку и не бил повикан, ниту би можел да биде повикан, како вешто лице.

Русковска нагласи дека таа нема да го повлече обвинението. Рече дека премиерот Заев притоа не понудил никакви докази, а дека не е засновано тврдењето дека обвинетите за упадот во Собранието биле изманипулирани од екс премиерот Никола Груевски.

„Обвинетите не се мали деца за да можат да бидат изманипулирани, тие беа и државни функционери.Јас со вакво тврдење апсолутно не се согласувам и очекувам судот да ги цени материјалните докази", рече Русковска.

Во однос на тоа дали премиерот Зоран Заев досега споделил нешто вакво со неа, со оглед дека беше сведок и во претходната постапка, Русковска, рече дека денеска тој се појави во својство на сведок на одбраната.

На прашањето дали ќе отвори истрага по исказот на Заев, Русковска, рече дека тој дал свое мислење, и не може да се отвори истрага за дадено мислење.

Заев претпладнево во улога на сведок во судницата изјави: „Не мислам дека главни осмислувачи и организатори на настаните во Собранието од 27 април 2017 година се Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и другите тука. Според мои сознанија, овие луѓе се изманипулирани од главниот организатор Никола Груевски".

„Знам што се случувало тогаш и не верувам дека е коректно вакво тешко дело", рече Заев во поглед на обвинителниот акт.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе