Случај „Рекет“

Русковска потврди дека Боки 13 пред бизнисмените на спикерфон зборувал со Јанева

Неофицијалните информации за тоа дека Бојан Јовановски за време на разговорите со бизнисмените редовно на спикерфон ѝ се јавувал и на Катица Јанева, за што МКД.мк пишуваше на 18 јули, ги потврди обвинителката Вилма Русковска во изјава за ТВ Телма.

Рускоска потврди дека на снимките со кои располага обвинителството се слушал разговорот пуштен на спикерфон меѓу Боки 13, како директор на 1ТВ, и обвинителката. Од видеоснимката јасно бил регистриран дури и бројот што бил биран од Боки 13.

Снимките предадени во обвинителството за организиран криминал потврдуваат дека во разговорите меѓу рекетираниот Oрце Камчев и изнудувачот Јовановски во некои разговори има и трето лице, специјалната обвинителка Катица Јанева. Тоа, ексклузивно за емисијата Код на ТВ Телма го потврди обвинителката Русковска.

Код: Дали на тие снимки се гледа како осомничените го прават тоа (изнуда) или ја повикуваат Катица Јанева?

Рускоска: Па се гледа, а и се слуша.

Код: Ја повикуваат Катица Јанева, се слуша такво на снимките? Дека ѝ се јавуваат, да потврди нешто?

Рускоска: Видете, не можам да зборувам за детали од доказите со кои располагаме. Се слуша разговор со јавен обвинител.

Код: Пуштен на интерфон?

Рускоска: Да.

Снимките што сега ги поседуваат обвинителите за организиран криминал покажуваат дека рекетираниот бизнисмен ги снимал изнудите, а кога на интерфон била вклучувана и Јанева лично, тоа исто така било региструрано. Судот треба да цени дали ќе бидат прифатени како доказ. Рускоска вели дека согласно со препораките на Венециската комисија тие снимки би требало да бидат прифатени поради јавниот интерес и вклученост на функционер - обвинител во нив. За тоа веќе разговарале државниот обвинител Јовевски и обвинителката Рускоска.

И покрај ваквите снимки Катица Јанева не е уапсена, истражителите сметаат дека нема доволно докази за директна поврзаност со рекетот што го правеле Боки и Зоран Милевски Кичеец, двајцата првоосомничени што се во 30-дневен притвор.

Извори од СЈО за Код велат дека најмалку два пати Бојан Јовановски ја посетил Катица Јанева во нејзината канцеларија во обвинителството.

Според информациите на МКД.мк, една од снимките е направена во куќата на бизнисменот Орце Камчев, од кого биле барани милионски суми за заборавање на случајот „Империја“ на СЈО, во кој тој е првоосомничен за перење пари. Оваа средба следувала по неколку нивни меѓусебни средби, по што следувало договореното примопредавање пари во кеш. Камчев, со помош бугарските специјални служби (Бугарија лани официјално го предложи Камчев за нејзин почесен конзул), целосно ја озвучува куќата, а поставени биле и видеокамери.

По примопредавањето на парите, Боки 13 на спикерфон ѝ се јавил на Јанева и ѝ потврдил дека парите се преземени, а од другата страна следувало ветувањето дека тоа ќе се има предвид за судбината на случајот „Империја“.

Ова е една од снимките кои биле предадени на обвинителството, по што најверојатно следувало воведувањето на посебните истражни мерки (ПИМ) за Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец. Така клопчето почна да се одмотува.

Освен јавниот интерес, снимката во куќата на Орце Камчев може да се смета за валиден доказ затоа што на влезот во куќата имало налепница со која се предупредуваат гостите дека сѐ во куќата е под видеонадзор.   

А.Д.

 

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе