Обвинителката до ВМРО-ДПМНЕ доставила опомена пред тужба за клевета

Русковска: Одбивам да ме поврзуваат со која било политичка партија и да бидам злоупотребувана вo политички спотови

Русковска до ВМРО-ДПМНЕ доставила опомена пред тужба за клевета поради дел од содржината на изборниот спот на опозициската коалиција, насловен „Криминална приказна".

„Јас како обвинител повеќе од 23 години, во сите предмети по кои сум постапувала сум се водела исклучиво по Закон и доказите кои сум успеала да ги обезбедам. Сакам да потенцирам дека никогаш не сум дозволувала политиката да влијае на моите одлуки. Политичарите се менлива категорија, а ние обвинителите треба нашата функција да ја извршуваме најпрофесионално, законито и според доказите кои сме успеале да ги обезбедиме. Впрочем, и затоа граѓаните не плаќаат.

Oд овие причини, одбивам да ме поврзуваат со која било политичка партија и да бидам злоупотребувана вo политички спотови. Не сум член на ниту една политичка партија, нешто што може многу лесно да се провери. Дотолку повеќе, што јас сум единствениот обвинител од осамостојувањето на Македонија, што има поднесено oбвинение против потпретседател на Собрание од редовите на, тогаш владејачката партија, СДСМ", вели Русковска за Дојче Веле. 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе