МОСКВА

Руско МНР: На Македонија ѝ се подготвува нова револуција, поттикната од надвор

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, изјави дека македонската опозиција се подготвува за нова обоена револуција, поттикната од надворешни фактори.

Зборувајќи на прес конференција, Захарова рече дека американски дипломати биле вмешани во неодамнешните протести во Србија, со користење на „мала агресивна група граѓани платени од надвор", и додаде дека продолжуваат обидите да се организираат нови вакви протести во Македонија. ­

„Се подготвува терен за нова обоена револуција, овојпат во Македонија. Констатираме дека праксата на мешање во внатрешните работи на државите е длабоко вкоренета на Балканот", изјави Захарова и додаде дека на опозициските протести против претседателот Иванов и Владата како вовед во нова "револуција".

Од почетокот на објавувањето на снимките од страна на СДСМ, официјална Москва повеќе пати реагираше со оценки дека се работи за проект организиран и финансиран од надвор, со цел да се смени македонската влада.

                                                                                                МИА

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе