Во интервју за „Политика“

Рускиот патријарх Кирил: Украинското сценарио може да се примени и за МПЦ

Рускиот патријарх Кирил смета дека Вселенската патријаршија може да го примени „украинското сценарио" за признавање на автокефалноста и на Македонската православна црква.

„Ако се отфрлат споредните детали, „украинскиот рецепт“ е сосема едноставен: цариградскиот патријарх си даде право да може да го ревидира кој било документ и договор, што го издале неговите претходници, доколку неговата содржина не му одговара… Така, ја укина граматата од 1686 година за предавање на Киевската патријаршија под јусрисдикција на Руската православна црква. Следствено, тоа не гарантира дека „украинското сценарио“ нема да се повтори и во Македонија и Црна Гора. Македонија и Црна Гора сега се независни држави, а тоа значи дека актуелните канонски граници на СПЦ, според Томосот од 1922 година, Фанар може лесно да ги оспори… И не е случајно што патријархот Вартоломеј напоменува дека тоа што и припаѓа на Србија и припаѓа канонски и еклисиолошки – тој намерно не зборува за Српската црква, туку за Србија како држава, алудирајќи на тој начин на нејзините современи граници“, вели рускиот патријарх во интервјуто за српскиот дневен весник „Политка“

Тој нагласува дека нема гаранции дека некој од балканските лидери ќе се обрати до Цариград со барање за автокефалност, потсетувајќи оти тоа веќе го направил македонскиот премиер Зоран Заев.

„Тоа барање беше испратено уште минатата година, речиси истовремено со барањето од претседателот на Украина Петро Порошенко. Синодот на Цариградската патријаршија почна официјално да го разгледува барањето, за што беше објавено и соопштение. Зошто Фанар би го разгледувал барањето ако, сепак, нема намера да го повтори „украинскиот рецепт“ и за Скопје“, вели патријархот Кирил во интервју за „Политика“.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе