Писмо од Москва

Рускиот патријарх Кирил му пиша на архиепископот Стефан: Се надевам дека МПЦ-ОА цврсто ќе ја чува непорочноста на православната вера

Поглаварот на Руската православна црква патријархот московски г.г. Кирил испрати писмо до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во кое го известува за прифатената автокефалија.

Одлуката за прифатената автокефалност на МПЦ-ОА, РПЦ ја донесе на 25 август 2022 година.

Во писмото на поглаварот на РПЦ до поглаварот на МПЦ-ОА се вели:

„Срдечно Ве поздравувам и Ви благодарам за писмото од 13 јули оваа година, во кое соопштувате за признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и за врачувањето на Томосот за автокефалија, од светејшиот патријарх српски Порфириј на вашето блаженство. Да му благодариме на Бога за неговиот неискажлив дар!

Нашата црква секогаш се стремеше да го поддржува македонското православие, во текот на многу години на сите можни начини, помагајќи го дијалогот помеѓу српските и македонските браќа по вера. Радосно е што сега тие усилби се овенчаа со обновување на општењето меѓу двете цркви.

Светиот патријарх српски Порфириј се обрати до мене со официјално известување за давањето на автокефалност на МПЦ-ОА и со молба да ја признам таа автокефалност, давајќи им пример и на останатите помесни православни цркви.

На 25 август оваа година, Светиот синод на РПЦ го разгледа посланието на неговата светост. Заблагодарувајќи му на Господа за разрешувањето на статусот на православната црква во Северна Македонија на канонска основа, Светиот синод реши да ја признае МПЦ-ОА за сестринска автокефална црква, и во свештениот Диптих, како поглавар, да го впише името на вашето блаженство.

Соопштувајќи Ви братски за тоа решение, од лицето на Светиот синод и од сета полнота на РПЦ, се надевам дека МПЦ-ОА цврсто ќе ја чува чистотата и непорочноста на светата православна вера и ќе ја запазува верноста на православното канонско предание.

Уверувајќи го вашето блаженство во подготвеноста за развивање на сестрана соработка помеѓу нашите цркви, молитвено Ви посакуваме телесни и духовни сили и изобилни милости од Господа и многу години поглаварско служење, а на Вашата богољубива паства ‒ мир и благоденствие“.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе