Интервју за Спутник

Рускиот амбасадор во Македонија: Решение за името врз принципите и нормите на Повелбата на ОН

Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Александрович Баздникин, во интервју за „Спутник" изјави дека факт е дека референдумот во Македонија е неважечки.

Тој го поддржува референдумот како демократска форма на изразување на волјата на граѓаните, но како што истакнува, факт е дека на референдумот во Македонија гласаше само 36,9 отсто од населението.

„Се разбира, ние многу внимателно го следевме текот и резултатите од референдумот што се одржа во Македонија. Сега веќе е сосема јасно дека македонските гласачи не излегоа, бидејќи се против одлуката која се наметнува однадвор. Очигледно е дека огромното мнозинство, речиси две третини од граѓаните, сметаат дека договорот од Преспа меѓу Грција и Македонија не е најдобриот инструмент за надминување на овие разлики кои постојат околу државното име Македонија“, рече рускиот амбасадор.

Амбасадорот Баздникин вели дека имајќи предвид дека на референдумот излегоа само 36,9 отсто од гласачите со право на глас, а требаше да излезат 50 отсто плус еден гласач, јасно е дека резултатите од гласањето потврдија дека референдумот е неважечки.

„Русија, како постојана членка Советот за безбедност на Обединетите нации, внимателно го следи процесот на решавање на овој проблем, и нашата принципиелна позиција останува непроменета – долгорочното решение може да се најде само кај граѓаните, без наметнување надворешни фактори, строго во рамките на уставно-правниот поредок. Тоа мора да се базира на широка јавна поддршка и мора да биде врз основа на принципите и нормите содржани во Повелбата на Обединетите нации”, додаде тој.

Рускиот амбасадор смета дека суверен избор на која било држава е да донесува одлуки во врска со својата надворешно-политичка ориентација, а од тоа не е изземена ниту Македонија.

„Сепак, ние во суштина сме против проширувањето на Северноатлантската алијанса, вклучувајќи го и балканскиот регион и Македонија. НАТО е воено-политички сојуз чии цели кон Руската Федерација се исклучително добро познати. Не веруваме дека проширувањето на Алијансата ќе придонесе за стабилноста и безбедноста на Балканот, за што се зборува многу. Во секој случај, ако дојде до членство на Македонија во НАТО, тоа природно ќе влијае на односите меѓу Руската Федерација и Република Македонија. Но, засега не мислам дека тоа ќе би се случило“, вели за „Спутник“ амбасадорот Сергеј Александрович Баздникин.

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе