Според рускиот амбасадор во Атина

Русија нема да става вето во ОН за кое било ново име на Македонија

Резултатот од тековниот процес на ратификување на договорот потпишан помеѓу Атина и Скопје нема да влијае на односите на Русија со Грција, рече денеска рускиот амбасадор во Грција.

„Дали Преспанскиот договор ќе се ратификува или не нема да влијае врз односите со Грција“, им рече Андреј Маслов на новинарите во Атина, за време на брифингот за неодамнешната посета на премиерот Алексис Ципрас во Москва, каде што тој се состана со рускиот претседател Владимир Путин.

Тој рече дека односите меѓу двете земји се нормализираат по дипломатскиот инцидент летово, кога Грција протера двајца руски дипломати и им забрани на други двајца да влезат во земјата поради наводно мешање со договорот за името, додавајќи дека прашањето не било споменато за време на разговорите меѓу двајцата лидери, пренесе Катимерини.

Запрашан дали Русија планира да стави вето на договорот во Советот за безбедност на ОН, Маслов рече дека неговата земја не се противи на ниедно ново име што Македонија може да го усвои.

„Нам ни е сосема сеедно. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров јасно го кажа ова пред речиси една година. Тој рече дека без оглед на името за кое ќе се согласат Атина и Скопје, ако тоа е официјално одлучено и заштитено во Уставот на Република Македонија, тогаш ние сигурно ќе го признаеме“, рече тој.

Маслов рече дека Русија не се согласува со пристапот на Македонија во НАТО, истакнувајќи дека тоа ќе ја принуди неговата земја да спроведе контрамерки.

Тој, исто така, го поздрави интересот на Ципрас за Турски тек, велејќи дека „Грција има право да промовира планови што ги остваруваат националните интереси и да стане енергетски центар во регионот, и покрај злонамерните реакции на трети страни“.

Амбасадорот, исто така, се обиде да ги ублажи грчките стравови околу купувањето руски ракети С-400 од страна на Турција, велејќи дека земјата нема за што да се плаши, бидејќи двете земји се членки на НАТО.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе