Руската амбасада во Скопје: МКД.мк и други медиуми манипулираа со изјавата на Сергеј Лавров за името

Руската амбасада во Скопје завчера на Твитер се пожали дека некои македонски медиуми ја спинувале изјавата на Сергеј Лавров за името на Македонија и на твитот го тагираше и нашиот медиум, МКД.мк. 

Реагиравме до амбасадата дека не сме објавиле ништо ни слично на „Русија на страната на Грција, бара Македонија да го смени името“, на што бевме тагирани, па ги замоливме да демантираат.

Добивме од нив реакција, која ја пренесуваме интегрално и во целост, како и нашиот одговор на неа.

„Почитувани,

Во врска со веста објавена на 15 јануари од страна на порталот МКД.мк под наслов: „Лавров: Ќе го прифатиме името што ќе го договорат Атина и Скопје”, би сакале да забележиме дека наведениот материјал некоректно ги пренесува зборовите за Министерот за надворешни работи на Руската Федерација дадени во одговор на прашање на грчки новинар во врска со проблемот со името.

Имено, Сергеј Лавров во ниту еден момент нема изјавено дека ”Русија ќе прифати кое било име што ќе биде официјално договорено меѓу Атина и Скопје и што ќе биде внесено во Уставот на Македонија“ како што е пренесено од страна на МКД.мк. Повеќе од тоа, Министерот воопшто не зборува во тој дел за ставот на Руската Федерација, туку изнесува свои забелешки и коментари околу тоа што се случува во процесот на преговорите.

Во однос на ставот на Руската Федерација по тоа прашање Министерот недвосмислено одговори дека ”ја признавме Македонија како Република Македонија. И ја признаваме во тоа својство“, што впрочем МКД.мк решил воопшто да не го објави.

Сметаме дека ваквата манипулација со зборовите на Министерот Лавров дава погрешна претстава за принципиелниот став на Руската Федерација во однос на проблемот на името.

Притоа повикување на пишувања на други медиуми не ја оправдува грешката во пренесување на информација, дури ако е ненамерна, бидејќи ги доведува во заблуда читателите.

Како што напоменавме и во социјалните медиуми, препорачуваме за пренос на изјави на официјални лица да се користат изворни текстови кои се достапни на официјалните веб-ресурси. На веб-страна на Амбасадата објавен е и интегрален превод на изјавата на Министерот Лавров на македонски јазик.

Високо го цениме професионализмот на редакцијата и целиот тим на МКД.мк и досегашната успешна соработка. Амбасадата и понатаму останува отворена за таквата соработка за сите прашања, во функција на непристрасно и објективно информирање на македонската јавност за се што е поврзано со Руската Федерација.

 

Со почит,

Амбасада на Руската Федерација“

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе