По интервјуто за Антена М

Руската амбасада реагира на изјавите на Заев: Не сме вмешани во какви било обиди за нечија ликвидација

Неосновани и недозволиви се тврдењата на премиерот Зоран Заев дека Руската Федерација наводно била вмешана во обиди за „ликвидација" и подготвувала такви акции против него, реагира амбасадата на Руската Федерација во Македонија на изјавите на македонскиот премиер Зоран Заев на црногорското радио „Антена М“..

„Во Русија секогаш внимателно ги следат јавните изјави на високи функционери на други држави, особено оние што ги засегаат односите со нашата земја. Секако, не остана незабележано и неодамнешното интервју на претседателот на Владата на Република Македонија за црногорското радио „Антена-М“ од 5 ноември оваа година. Со зачуденост и загриженост истакнуваме дека во тоа интервју, во контекстот на минатогодишните настани во Црна Гора, шефот на македонската влада, повикувајќи се на некои „репорти“ и „аналитичари“, намерно или не, ја претстави ситуацијата на тој начин дека Руската Федерација наводно била вмешана во обиди за „ликвидација“ и подготвувала такви акции против самиот господин Зоран Заев. Категорично изјавуваме дека ваквите тврдења се неосновани и ги сметаме за недозволиви“, се вели во реакцијата на амбасадата на Русија во Македонија. 

Воедно, од Амбасадата оценуват дека таквите тврдења нанесуваат штета на односите меѓу двете земји.

„Со жалење констатираме дека истите ја уриваат атмосферата на доверба меѓу нашите две земји, и нанесуваат штета на повеќегодишната заемно полезна соработка и се косат со декларираната подготвеност на Скопје за градење конструктивна соработка со Русија, желба за развој на пријателските односи меѓу две нашите земји“, стои во соопштението од амбасадата.

Денеска и Марија Захарова, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија реагираше на овие изјави на македонскиот премиер Заев. 

Тој имаше проблеми со руската амбасада и по средбата на 19 октомври со амбасадорот Олег Шчербак, кога имаше недоразбирање во однос на соопштението за јавноста за содржината на разговорите. 

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе