Подобрените односи повторно на искушение

Русија ќе ја има предвид солидарноста на Македонија со САД - реакција на изјава на Османи

Откако Русија спроведува воени вежби на границата со Украина и во Црно Море кај Крим под будното око на САД, откаде се најавуваат и закани со санкции и со натамошно заострување на односите, министер за надворешни работи Бујар Османи побрза да ја покаже страната на Македонија во „играта“ на двете супер сили и преку Твитер оцени дека станува збор за „дестабилизирачките активности на Русија против САД и нашите сојузници“. Руската амбасада му одговори на Османи соодветно, преку Твитер.

„Северна Македонија целосно поддржува и се солидаризира со преземањето мерки на САД, одговарајќи на дестабилизирачките активности на Русија против САД и нашите сојузници. Подобрувањето на нашата колективна безбедност е наш приоритет", напишал завчера вечер, во доцните часови министерот за надворешни работи Бујар Османи на Твитер.

Ќе ја имаме предвид македонската солидарност, реагираше исто така преку Твитер амбасадата на Руската Федерација:

„Ќе ја имаме предвид македонската солидарност која се базира на недокажани наводи за руски активности. Веруваме дека приоритетите треба да рефлектираат и да кореспондираат со заедничките закани и предизвици. Вакви изјави ни малку не помагаат во јавните заложби на Македонија да ги подобри односите од заеднички интерес со Русија".

Ваквата „преписка“ засега на ниво на „твитер“ не ветува ништо добро, особено во време на пандемија, кога и западни држави - членки на НАТО ги подобруваат односите со Русија,  а дел од нив се организираат и за набавка на вакцини од Руската Федерација против ковид-19. 

Во исто време, односите меѓу Москва и Вашингтон се заоструваат. Поради воените вежби сега на сцена се „бркањето“ дипломати - откако Вашингтон реши да протера 10 руски дипломати, Москва одговори реципрочно со протерување на исто толку дипломати.

А кога во прашање се вакцните, Македонија е во очекување на поголема пратка на вакцини „Спутник V“. Засега се добиени 20.000 вакцини од овој производител за прва доза на имунизација, но тие се донација од Србија.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе