Реципроцитет

Русија протера дипломат од македонската амбасада во Москва

Официјална Москва, како што најави по протерувањето на вработен во руската амбасада во Скопје, објави дека како реципрочна мерка прогласи за персона нон грата дипломат од македонската амбасада во Русија. 

Информацијата ја објави Руската амбасада во Скопје. 

„На 10 јуни, в.д. амбасадорката на Република Северна Македонија во Руската Федерација, Оливера Чаушевска-Димовска беше поканета во Министерството за надворешни работи на Русија, каде ѝ беше врачена нота на Министерството, со која вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за персона нон грата”, пишува во соопштението од Руската амбасада објавено на Фејсбук.

Оваа мерка, како што велат, е одговор на сосема немотивирана одлука на македонската страна за прогласувањето на дипломат во Амбасадата на Русија во Скопје за „персона нон грата“, која беше донесена во мај оваа година.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе