Ново име, нови проблеми

Русија не ја менува одлуката за признавањето на Република Македонија, забавен е извозот кон оваа земја

Руската Федерација засега не ја менува одлуката за признавањето на Република Македонија од 1992 година, велат од руската амбасада во Македонија за МКД.мк. По Договорот од Преспа Македонија испрати писма до сите членки на ОН за новото име - Република Северна Македонија. Ова ново име и неодговарањето на Моска на ова известување од Скопје сега предизвикува забавување на извозот кон Русија.

Од Министерството за земјоделство информираат дека поради оваа неусогласеност со имињата на земјата, голем број на камиони, кои се натоварени со македонски земјоделски производи чекаат натоварени. Во документацијата за извоз стои новото име, а тоа не е во согласност со документите кои ги издаваат руските институции. Сертификатите се со старото име.

Засега нема некаква официјална информација за начинот за надминување на овие неусогласености.

Овој проблем почна да се појавува во последните 3-4 дена.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе