Радио слободна Европа

РСЕ: Утре во Словенија поддршка за проширувањето, но ако се почитуваат договорите и борбата против корупцијата

Декларацијата што ќе биде ставена на маса на Самитот во Брдо, а во која Радио Слободна Европа имала увид, покрај поддршката за интеграции, содржи и акценти на ригорозни услови, исполнување на договорите за решавање на билатерални проблеми, како и поддршка за борба со пандемијата, криминалот, корупцијата, тероризмот...

Ние, лидерите на Европската унија (ЕУ) и нејзините земји-членки, во консултација со лидерите на Западен Балкан и во присуство на регионални и меѓународни чинители, денес го заклучивме следново: ЕУ ја потврдува својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан и ја поздравува посветеноста на партнерите од Западен Балкан кон европската перспектива, што е во наш заеднички стратешки интерес и останува наш заеднички стратешки избор, пренесе РСЕ.

Ова стои во драфт верзијата на Декларацијата која на 6 октомври во Брдо кај Крањ, во Словенија, ќе биде ставена на маса за потпис на Самитот ЕУ – Западен Балкан.

ЕУ декларацијата подготвена за Самитот во Брдо содржи 29 параграфи, поделени во четири тематски целини – Декларацијата „Брдо“, Ковид-19, Економски и инвестициски план за Западен Балкан и Политичка и безбедносна соработка. Покрај поддршката од членките на Унијата, Декларацијата содржи и напомена дека „ЕУ ја потврдува својата посветеност кон процесот на проширување и нејзините одлуки донесени врз основа на веродостојни реформи од страна на партнерите, правична и ригорозна условеност и по принципот на сопствени заслуги“.

Унијата во посебна точка го наведува признавањето на напредокот на регионот, како и тоа дека го одржува развојот кој обезбедува капацитет за интегрирање нови членки, пренесува РСЕ.

„Ние дополнително ќе го интензивираме нашиот заеднички ангажман за да ја продолжиме политичката, економската и социјалната трансформација на регионот, истовремено признавајќи го напредокот постигнат од Западен Балкан. Исто така, потсетуваме на важноста што ЕУ може да го одржи и да го продлабочи сопствениот развој, обезбедувајќи го нејзиниот капацитет за интегрирање на нови членки, стои во драфт верзијата на Декларацијата подготвена за Самитот во Брдо на 6 октомври.

Членките на Унијата и во Декларација ја нагласуваат важноста од почитувањето на добрососедските односи во регионот, и исполнувањето на Договорот од Преспа на Северна Македонија со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, како и пронаоѓање и спроведување на конечни, инклузивни и обврзувачки решенија за билатералните спорови на партнерите и прашањата вкоренети во наследството од минатото, во согласност со меѓународното право и воспоставените принципи.

Дипломатски извори од Брисел вчера брифираа дека поддршката на ЕУ за проширувањето се предвидува да биде спомената во завршната декларација на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо во Словенија, како и тоа да се каже дека Унијата ја реафирмира поддршката за регионот и има капацитет да апсорбира нови членки, но тоа ќе биде условено со нејзиниот капацитет за проширување.

Вратата за членство во ЕУ не може да се каже дека е затворена, брифираат дипломатските извори од Брисел, но кога е во прашање проширувањето тоа е сложен процес и има бројни предизвици, важен е мерит системот, како и реформи, особено во борбата против корупцијата и криминалот и владеењето на правото. 

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе