среда, 24 април 2024

До 18 часот гласале 291.777 гласачи или 47,61%

Излезеноста на претседателските избори до 18 часот изнесува 47,61отсто, соопшти Државната изборна комисија.

Објавено на

часот

Сподели

До 18 часот до ДИК пристигнати се податоци за излезеност на гласачите од 1.200 избирачки места. Од вкупно запишани 612.850 гласачи на овие избирачки места, гласале 291.777.

Според податоците за излезеност кои што се пристигнати досега, најголема излезенот е забележана во Новаци со 71,07% додека најмала е излезеноста во Шуто Оризари, 22,06%. Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места.

До ДИК досега се доставени вкупно 345 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 98 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 36 приговори се отфрлени како неуредни, а 46 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка, соопшти ДИК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ