Германскиот министер за Европа

Рот повика да не се додаваат критериуми за преговорите со Македонија

Германскиот министер за Европа, чија земја претседава со ЕУ до крајот на оваа година, денеска се осврна на бугарскиот документ објавен минатата недела во медиумите, во кои Софија бара нови услови за старт за преговорите со Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

„Конечно после долго време успеавме да оствариме напредок со Северна Македонија во Европа, германското претседателство од блиску внимава на тоа што се случува на западен Балкан. И повеќе од тоа, ние сакаме да видиме посветеност од ЕУ за западниот Балкан, западниот Балкан треба да смета на нас“, изјави Рот.

Тој нагласи дека е постигнат значаен напредок под хрватското претседателство во март кога земјите членки, по повеќе одлагања, конечно се согласија да дадат зелено светло за старт на преговори со Албанија и Северна Македонија и дека целта на Германија е да се одржи првата меѓувладина конференција во декември оваа година.

„Ние себе се гледаме како чесни олеснувачи за да се изградат мостови стабилни за сите и разговараме за прашањата со нашите бугарски партнери, затоа што треба да работиме врз основа на тоа за што сме се договориле заедно, не треба да воведуваме дополнителни критериуми и услови кои не фигурираат во заклучоците на Советот (од март, нз)“, рече министерот Рот, кој денеска во Брисел имаше средба со македонскиот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров.

 Германија ги повикува сите да работат „во конструктивен дух".

„Западниот Балкан не е нашиот заден двор, туку внатрешен двор и во интерес на сите земји членки, посебно на оние кои им се блиски соседи, да се даде европска перспектива за да стане регионот место на мир, стабилност и помирување“, рече германскиот министер за Европа

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе