Рот: Очекуваме Европската комисија да донесе позитивна одлука за С Македонија и Албанија

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот, кој попладнево допатува во Тирана, по средбата со премиерот Еди Рама рече дека Албанија има многу постигнувања, како и Македонија, во исполнувањето на условите поставени од Европската унија.

„Знам дека многумина од вас се разочарани од ЕУ, од она што се случи во минатото. Но, можеме да кажеме дека Албанија, исто како и Северна Македонија, постигнаа многу. Очекуваме Европската комисија да донесе позитивна одлука“, рече Рот на заедничката прес-конфренција со Рама.

Рот ја пофали Албанија за справувањето со ковид-кризата и рече дека поддршката меѓу земјите во овој дел е клучна.„Мерките за изолација не ни помагаат, сите треба да се поддржуваме едни со други. Заедничката стратегија е поддршката да биде реципрочна. Ветувам поголема ангажираност од сите држави. Ако Албанија е успешна, тогаш тоа е и наш успех, важно е да се отстранат предрасудите“, додаде Рот.

Премиерот Рама рече дека Албанија многу долго чека пред вратата на ЕУ, но оти сега е смирен, бидејќи Албанија ги заврши своите обврски.

„Оваа посета се случува во пресрет на едно време кога ЕК ќе донесе одлука за Албанија и Северна Македонија. Албанија долго чека пред вратите на ЕУ, но сега ги исполни сите свои задачи одлука за отворање преговори и одржувањето на конференцијата е едноставно. Само прашање е на Европскиот совет, во време кога се чувствува позитивен тренд, да донесе одлука. Но, да не се соочиме со уште едно изненадување од балканскиот свет поврзано со ќор-сокакот помеѓу Северна Македонија и Бугарија. Се разбира, можам само да ја повторам истата работа, да кажам со убедување и факти, според нас, дека ние мора веднаш да го отвориме процесот и ЕУ мора да ја спроведе одлуката што ја донесе со одобрување на рамката и свикување на конференцијата. Сега не знаеме дали тоа ќе се случи, зашто тоа зависи од тоа колку ќе се реши ќор-сокакот со Северна Македонија и Бугарија“, рече меѓу другото Рама.

Тој упати критики на адреса на ЕУ, во врска со движењето на луѓето поради видот на вакцина што ја примиле, како и за се уште недонесената одлука за визна либерализација за граѓаните на Косово. За ова прашање, Рама рече дека Европската унија го држи во заложништво Косово и направи паралела со шаховска игра, велејќи дека една од фигурите го блокирала движењето на еден војник.

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе