Атина

Ромфеа.гр: Шизматската МПЦ подготвена да ја признае БПЦ за мајка-црква, можни се реакции во грчкото општество

Светиот синод на Бугарската патријаршија, и покрај апелите и остварените контакти со претставници на МПЦ, се плаши да го направи првиот чекор, пишува популарниот грчки црковен сајт ромфеа.гр во текст под наслов „Шизматската Македонска црква е подготвена да ја признае Бугарската патријаршија како своја Мајка-црква".

Црковниот сајт пишува за барањето на МПЦ-ОА за евхаристиско единство со БПЦ со укажување дека тоа ќе предизвика реакции во грчкото општество и во грчката црква.

„Во писмото се говори за воспоставување евхаристиска заедница, но и за историска можност Бугарската патријаршија да биде црква-мајка на т.н. македонска црква. Неодамна имаше официјални и неофицијални контакти меѓу претставници на БПЦ и на шизматската црква“, пишува ромфеа.гр.

И поранешниот претседател на Бугарската академија на науките, академик Стефан Воденичаров, го повика бугарскиот патријарх Неофит „да го преземе местото на духовен татко и да разбере дека е правилно да го поддржи народот во Македонија“, потсетува сајтот. Сепак, како што се наведува во текстот, на крај треба да се одбележи и дека бугарскиот патријарх неколку пати официјално ги примаше „шизматиците“, а БПЦ слободно ги користи термините „Македонија и „Македонска црква“.

МИА

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе