Ромалитико е за една изборна единица без изборен праг

Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико ја поздравува и поддржува одлуката на пратениците за формирањето на иницијативата за една изборна единица.

Во изминатите години Ромалитико активно се залага за менување на сегашниот изборен модел и воведување на една изборна единица без изборен праг. Досега, политичкиот натпревар за глас повеќе го девалвираше гласот на помалите партии, особено на ромските политички партии кои поради географски и политички скроени изборни единици немаат еднакви и фер можности за квантитативно соединување на гласовите на ромскиот електорат, па така избраниците на ромската заедница секогаш доаѓаат од втората изборна единица (Шуто Оризари и Куманово).

Според анализите на Ромалитико на изборите во 2014 година бројот на изгубени гласови односно нераспределени во мандати за пратеници изнесуваше 87.831. Додека на изборите во 2016 година број на изгубени гласови изнесуваше 94.503. Најмногу изгубени гласови имаше во првата изборна единица, а најмалку во шестата изборна единица. Најголем дел од овие изгубени гласови се гласови на помалите политички партии кои со промена на сегашниот модел во една изборна единица без изборен праг би значело 8 до 11 пратенички мандати на помалите политички партии.

Очекуваме дека поголемите политичките партии ќе го прифатат предлогот за една територијална единица без изборен праг кој ќе овозможи подемократски амбиент и праведна изборна трка која ќе понуди квалитет и квантитет.

Ромалитико ја застапува идејата за една изборна единица без изборен праг бидејќи воведување на изборен праг ќе биде повторно на штета на помалите партии и тогаш се губи целисходноста на воведувањето на една изборна единица, бидејќи помалите партии нема да може самостојно да се натпреваруваат на избори и на тој начин ќе бидат зависни да коалицираат со поголемите политички партии. Во ваков случај, би било подобро да остане сегашниот изборен модел отколку една изборна единица со изборен праг. Сметаме дека една изборна единица без изборен праг е решение кое што ќе понуди еднакви можности на помалите партии да партиципираат во изборните процеси во државата, соопшти Ромалитико.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе