ОБВИНЕНИЈА ДО 30 ЈУНИ

Рокот за СЈО истекува по преземањето на аудиоснимките, а не на материјалите од ОЈО

За дел од советниците на Специјалното јавно обвинителство рокот за покренување на обвиненија за сите прислушувани материјали истекува на 30 јуни, а за дел од преземените предмети на 4 јуни. До 30 јуни СЈО најверојатно често ќе биде дел од ударните вести по медиумите.

Рокот од 18 месеци за поднесување на обвиненија почнува да се смета од примањето на прислушуваните материјали, а тоа беше на 30 декември 2015 година. На 4 декември 2015 година СЈО прими 34 предмети од Основното јавно обвинителство, кривични пријави и предистражни и истражни дејства, но без снимките од прислушуваните разговори. Еден од условите за рокот од 18 месеци беше исполнет на 30 декември 2015 година, кога беа примени и аудиоснимките, велат експертите.

Тоа значи дека рокот би требало да се смета од 30 декември 2015 кога биле исполнети двата услови - примени материјали и прислушувани разговори, односно дека рокот за покренување обвиненија е 30 јуни.

Обвинителката на СЈО Катица Јанева неколку пати досега побара измени во законот и продолжување на рокот за поднесување обвиненија, за што е потребно двотретинско собраниско мнозинство. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е против какво било продолжување на договорениот рок.

Ова значи дека во наредниот период, до 30 јуни, СЈО ќе биде една од главните вести. До 30 јуни тие ќе треба да поднесат обвиненија за дел од покренатите истраги или предистражни дејства.

Има уште една варијанта за продолжување на мандатот на СЈО, а тоа е покренување иницијатива за уставноста на членот 22 од Законот за СЈО.

А.Д.

 

 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе