АМЕРИКАНСКИ КОНГРЕСМЕН

Рорабакер: Македонија не е држава и треба да се подели

Американскиот конгресмен Дејна Рорабакер вели дека Македонија не е држава и дека треба да се подели. Во интервју за Визион Плус од Тирана, Рорабакер изјавил дека создавањето на македонската држава е пропаднат проект и сега биле создадени сите  околности нејзините делови да им се дадат на соседните држави, вклучувајќи го и Косово и Бугарија.

„Мојот став е дека Македонија не е држава. Жал ми е, но не е држава. Тие се толку поделени што никогаш нема да бидат во можност да одат добро заедно. Затоа Косовците и Албанците во Македонија треба да биде дел од Косово, додека другиот дел на Македонија треба да стане дел од Бугарија или на која било друга земја за која тие тврдат дека се поврзани. Идејата е дека ние сакаме да ја држиме Македонија во живот, бидејќи некој пред 30 години одлучил дека тоа е конфигурација која треба да произлезе од растурањето на Југославија, но тоа нема да доведе до образложение дека оваа идеја сѐ уште држи“, ја пренесува Алсат-М изјавата на конгресменот Рорабакер.

На прашањето дали администрацијата на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ја поддржува идејата на Рорабакер, тој рекол дека има влијание врз американската надворешна политика и дека во иднина на седници на Комитетот за надворешни прашања ќе се разговара и за прашањето на промена на границите на Балканот.

„Јас имам влијание врз американските политичари. Јас сум претседател на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом што се занимава со тој дел од светот. Ќе имаме седници во наредните месеци. Едно од прашањата за кои ќе разговараме е промената на границите, со цел тие да имаат смисла и да донесат мир на Балканот“, вели тој.

Во интервјуто за Визион плус Рорабакер уште рекол дека САД не се плашат од руското влијание на Балканот и покрај индикациите што постојат.

Инаку, во новата администрација на Трамп Рорабакер е претседател на Комитетот за надворешни работи, а бил помошник на поранешниот претседател Роналд Реган.

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе