Предвремени парламентарни избори

Ристовски: Ако не ве крадеа овие грабливци со триесет милијарди долари изнесени надвор, ќе имавте1.700 евра плата

За прв пат на политичката сцена во Македонија се претставува политички субјект кој излегува на сцена со вистината. До сега живееме триесет години траорни, во лага, во фатаморгана од живот, истакна во своето обраќање пред гевгеличани Љупчо Ристовски, претседателот на македонската конзервативна партија „Интегра" на претставувањето на изборната програма „Аманет за Македонија".

„Ако не ве крадеа овие грабливци со триесет милијарди долари изнесени надвор, денеска ќе имавте во вашите џебови 1.700 евра нето плата по вработен. Тоа е огромно богатство украдено од вашите џебови и разнесено по светот. Грев е македонецот на овој благодет да биде сиромав, само 15 дена во месецот да оди со исправена глава, а 15 со наведната. Затоа нашата цел е да го ослободиме македонецот кој триесет години гледа низ тој црно бел политички спектрум во кој освен тие две партии нема друг избор, друга понуда за да може да одлучи за ново, за подобро, за конечно да стане свој на своето“, рече Ристовски.

Тој нагласи дека за среќа на народот се појави „Интегра" која ќе ја престрои Македонија во држава која ќе биде слуга на народот и која доколку има 61 пратеник во парламентот нема да дозволи ниту една албанска партија да се доближи до македонската влада.

Покрај ова лидерот на „Интегра" пред гевгеличани вети редуцирање на јавната администрација, нова транспортна стратегија со 956 километри брза железница по која за еден час ќе се стигнува до секоја точка, слободни земјоделско-сточарски зони, како и во првите 100 дена ништовност пред Меѓународниот суд за правдата на Времената спогодба од 1995, Преспанскиот договор од 2018 и на спогодбата со Бугарија и побара од гевгеличани подршка на 15 јули со заокружување на бројот 8 на гласачкото ливче на вонредните парламентарни избори. 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе