Собрание на Македонија

Ристова од СДСМ и Меџити од ДУИ не беа присутни на гласањето за новата Влада

Доцна синоќа, на чинот на гласањето за новата Влада на Димитар Ковачевски не беа присутни двајца пратеници од владејачкото мнозинство, Лолита Ристова од СДСМ и Изет Меџити од ДУИ. Сепак, потребни беа најмалку 61 глас за да биде изгласана Владата, а гласот го дадоa 62 пратеници од парламентарното мнозинство предовдено од коалицијата на СДСМ, ДУИ и новиот владин партнер Алетернатива.

Како што нѝ е потврдено од СДСМ, не само на чинот на гласање, туку и во текот на собраниската расправа не беше присутна пратеничката Лолита Ристова зашто е позитивна на ковид-19. 

„И без нејзиното присуство сосема јасно беше дека имаме доволен број на пратеници за поддршка на Владата на нашиот лидер Димитар Ковачевски. На Ристова ѝ посакуваме со најдобро здравје да се врати во работата на парламентот“, велат од СДСМ.

Пратеникот од ДУИ Изет Меџити беше присутен само во саботата кусо време по отворањето на седницата, а потоа не ја следеше расправата од пратеничките места.

Во изјава за неколку медиуми на албански јазик рекол дека не е во Скопје, а за Слободен печат кажал дека нема да гласа. За причините за отсуството не кажал ниту збор. Но може да се насети дека тој и натаму, како и минатата година, е незадоволен од изборот на некои кадри во рамките на ДУИ, пред се во поглед на Артан Груби и Бујар Османи кои доаѓаат од неговиот чаирски огранок, а за кои личности сметал дека ја немаат поддршката во базата. Меџити реагирал до Али Ахмети дека постои намера да се маргинализира инаку многу влијателниот чаирски огранок, со цел да зајакне тетовскиот.

Инаку, по гласањето за Владата, спикерот Талат Џафери рече дека гласале вкупно 108 пратгеници, 62 биле ЗА, 46 против, никој не бил воздржан. Со други зборови, имало отсутни пратеници од опозицијата.

Во текот на собраниската расправа, вчера попладнето Џафери, давајќи појаснување во врска со повеќе реплики и контрареплики меѓу пратеници кои се навраќаа на минатогодишните гласања во скафандери на заразени пратеници со коронавирусот, рече дека доколку е потребно повторно ќе овозможи гласање на ковид-позитивни пратеници. Рече дека зад таквата можност стои допис од Комисијата за заразни болести која ги утврдила точните процедури во однос на парламентот, но и како што додаде, ќе се работи и во услови на евентуална воена или вонредна состојба затоа што пратениците се должни да работат за државата. 

Новото владејачко мнозинство, сега засилено со четворицата пратеници на Алтернатива, во Собранието на Македонјија брои 64 пратеници, сосема доволно за гласање на одлуки кои не се носат со двотретинско мнозинство.

П.Џ.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе