Ристески: Талески го брани картелот Заеви, заради тоа што тој е во друштво со уапсениот Чипсио

Денес ни е совршено јасно зошто пратеникот од СДСМ од Прилеп, Миле Талески излегува и го брани картелот Заеви, заради тоа што тој е во друштво со Кире Спиркоски - Чипсио и како второ заради тоа што тој лично учествуваше во поставувањето на Кире Спиркоски - Чипсио за командир на полициската станица во Прилеп, изјави денес  Петар Ристески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Миле Талески треба да им одговори на прилепчани кој се е вмешан во криминалот со дрога од раководството на СДСМ?!

Миле Талески е најодговорен бидејќи во време кога тој беше претседател на Советот во општина Прилеп е назначен Кире Спиркоски - Чипсио за командир на прилепската полициска станица.

Јавноста беше сведок за десетиците слики на Миле Талески заедно со веќе уапсениот командир како седат заедно на софра и во добро друштво.

Исто така со уапсениот командир слики и дружби има и градоначалникот на Прилеп, Илија  Јовановски.

Заради овие причини, повеќе од јасно е зошто Миле Талески излегува и го брани криминалот кој царува во Прилеп.

Миле Талески заедно со градоначалникот Илија Јованоски најмалку што можат да направат е да понесат морална одговорност и веднаш да се повлечат од функциите“, истакна Ристески.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе