Рикер: Претпристапните преговори на Северна Македонија со Брисел треба да започнат што поскоро

Администрацијата во Вашингтон е убедена дека Северна Македонија е на вистинскиот пат за зачленување во ЕУ и дека претпристапните преговори на земјата со Брисел треба да започнат што поскоро, изјави Филип Рикер, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија.

Разговорите што Администрацијата ги води со европските сојузници и партнери и препораката на Европската комисија за започнување на преговорите укажуваат на тоа, посочи тој.

„Прашањето за одредување датум треба да се разгледа во бројните парламенти и во владите на земјите членки, но убеден сум дека тој процес се движи паметно“, изјави Рикер, кој од 2008 до 2011 година беше амбасадор на САД во Република Македонија.

На прашање од МИА дали одложен почеток на претпристапни преговори на Северна Македонија и Албанија со ЕУ може да биде дестабилизирачки фактор за регионот, и би предизвикало Владата во Скопје да свика предвремени парламентарни избори, тој одговори дека не е убеден во такво нешто.

„Северна Македонија сработи одлично и продолжува на тој пат, затоа сум убеден дека нема да подлегне на некаква дестабилизиција со непотребни политички игри. Ова е процес кој треба да се истурка до крај и САД се убедени дека земјaта ќе стане 30. членка на НАТО, и мошне брзо ќе влезе во процесот за полноправно членство во ЕУ.

На прашање дали Администрацијата во Вашингтон има сознание кога ќе започнат претпристапните преговори со ЕУ, и дали тоа ќе се случи годинава, државниот секретар одговори дека ако се праша Администрацијата преговорите треба да започнат што побрзо.

„Но тоа е одлука која земјите членка преку нивните бирократски процедури треба да ја донесат заедно. САД продолужаат со силна поддршка за Северна Македонија во таа насока. Очекувам преговорите со ЕУ да започнат што поскоро и сличен сентимент постои кај голем број на земји членки на ЕУ“, посочи Рикер.

Помошник државниот секретар денеска во својство на сведок беше на сослушување пред Комисија за надворешни работи на американскиот Сенат. Тој, заедно со Кетрин Вилбаргер, заменик помошник секретар за одбрана, одговараа на прашања од сенатори поврзани со пристапувањето на Северна Македонија во НАТО, јави дописникот на МИА.

Претседавач со Комисијата беше сенаторот републиканец Џејмс Риш, а прашања до Рикер и Вилбаегер поставуваа повеќе сенатори како демократите Сем Мемендез, Бен Кардин, Џин Шаин и Тим Кејн.

Се очекува Сенатот деновиве да го ратификува протоколoт за членство на Северна Македонија во НАТО.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе