Поранешниот премиер на Естонија

Ријвас: Да ја имаме Македонија е многу важно дополнување во НАТО

Естонија 15 и пол години е членка на НАТО и ние знаеме од прва рака дека тоа е наjсилната Алијанса во светот и да ја имаме Македонија е многу важно дополнување во НАТО, нагласи денеска поранешниот премиер на Естонија Таави Ријвас, пренесува МИА.

„Јас се надевам дека многу скоро ќе го славиме и прогресот на земјата кон Европската Унија“, рече Ријвас и додаде „сметам дека е многу јасно дека ако земјата ги исполнила сите критериуми, не треба да има никакви субјективни пречки за да влезе во европското семејство“.

Тој на меѓународната конференција за иновациите во областа на безбедноста „Иновативна Европа, безбедносен хакатон“, во рамките на пристапувањето на Македонија во НАТО, посочи дека на настанот не се зборува само општо за безбедноста, туку и за хибридните закани, и порача дека ако станеме многу дигитални како нација, треба многу да инвестираме во сајбер-безбедноста.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски истакна дека нашата цел не е само зачленување во НАТО, туку и оспособување за справување со безбедносните ризици.

„Вистина ќе решиме едно безбедносно прашање со нашето членство во НАТО, меѓутоа не смееме како држава тука да застанеме и со тоа да бидеме задоволни, бидејќи безбедносни ризици има секој ден. Ние како држава треба да бидеме проактивни, да ги согледуваме проблемите, можните ризици што ќе следуваат и да даваме соодветни решенија“, посочи Милевски.

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе